Македонија

Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.

На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.

На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.

Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.

На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.

Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.

Најнови вести од Македонија

To top