Македонија Министерство за транспорт

Николоски: Гасниот интерконектор може да го изградиме за две до три години и да станеме транспортна и енергетска крстосница

Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница“- изјави министерот Николоски.

Николоски: Гасниот интерконектор може да го изградиме за две до три години и да станеме транспортна и енергетска крстосница

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бидејќи Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, истакна министерот Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во месец ноември треба да стигнат понудите.

„Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува само од Бугарија чиј сопственик е Гаспром. Нудиме и чекор понатаму. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница“- изјави министерот Николоски.

Во однос на проектот за изградба на 400 – киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето со Албанија, министерот Николоски истакна дека се разгледуваат две опции со ЕБРД во насока на прекинување или реобјава на овој проект, но во двете опции, Владата е посветена во следните неколку години и тој да биде изграден.

To top