Македонија Алфа

Николоски: Филипче кога се врати во политика треба да одговори за криминалните тендери за стерилизација, за набавка на вакцини, за тоа што живи изгореа 14 лица во модуларната во Тетово

Николоски се осврна и на помалите политички партии за кои рече дека секој глас за нив ќе значи глас за Али Ахмети.

Николоски: Филипче кога се врати во политика треба да одговори за криминалните тендери за стерилизација, за набавка на вакцини, за тоа што живи изгореа 14 лица во модуларната во Тетово

Tоа што Венко Филипче е носител во ИЕ 4 станува збор за лидерска битка во рамки на СДС – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.

„Тоа е класична лидерска битка. Филипче сака да е лидер, а и Оливер Спасовски исто пледира на лидерско место во СДС, А Филипче треба да одговори кога веќе се врати во политика која не неговата улога во тоа што живи изгореа 14 лица в модуларната во Тетово, што мисли за крими тендерот за стерилизација, што мисли за спорна набавка на вакцини од фирма во Хонг Конг, што мисли за тоа што Македонија имаше најголема смртност во време на корона, исто така која и неговата улога во случајот Онкологија“, укажа Николоски.

Николоски се осврна и на помалите политички партии за кои рече дека секој глас за нив ќе значи глас за Али Ахмети.

„Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи подобра Македонија, а глас за Левица, за ГРОМ и слични помали политички партии е глас за Али Ахмети. Ахмети ќе е најсреќен гласови да одат во вака помали политички партии, а не во ВМРО-ДПМНЕ  и да треба ДУИ да е дел од следната влада“, посочи Николоски.

To top