Македонија општина дојран

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Мини-митинг во Дојран вечерва, организиран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пред присутните се обратија потпретседателот Александар Николоски, претседателот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Илија Тентов

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На митингот покрај другите, се обрати и потпретседателот на партијата Александар Николоски.

Николоски најпрвин се заблагодари за досегашната поддршка и добриот резултат во првиот круг на изборите. Но повика и уште посигурно и посилно до успешна победа во вториот круг.

– Јасно е што се случува во државата, ВМРО-ДПМНЕ добива огромна поддршка. Поддршка каква што ниедна политичка партија не добила до сега на било кои локални избори. Затоа и Дојран треба да се приклучи на овој бран, и тука да имаме градоначалниик, рече Николоски.

Како влада, Николоски најави голем број инвестиции и проекти кои се спремни да ги поддржат и да ги реализираат веднаш по победата на Илија Тентов. Некои од позначајните проекти се подобрување на туризмот, заштита и давање нов живот на дојранското езеро, како и голем број инвестиции во земјоделието.

Најнови вести од Македонија

To top