Македонија Министерство за транспорт

Николоски: До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево

-Буквално третиот ден се соочив со ревизорскиот извештај за работењето на ЈП за државни патишта и двете железнички претпријатија. Го доставв до ЈО, но до денес немам информација дека ЈО постапило иако се работи за многу сериозни наоди, потенцира министерот. 

Николоски: До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево

До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени.

Според него, изведувачите последен пат имале видено пари минатиот ноември и тоа е една од причините што изградбата на автопатот е заглавена.

-Очекувам од 7 октомври средствата да се стават на располагање на изедувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид – Кичево. Во таа насока правиме измени на Законот за експропријација во делот на оставинските постапки кои се голем проблем за реализирање инфраструктруни проекти. Сакам да ја информирам јавноста дека конечно се ефектуираше Анексот 6 што беше потпипшан во 2023 година, за дополнителните средства за изградба на автопатот Охрид – Кичево. Изведувачите последен пат имаа видено пари минатиот ноември. Од тогаш до денес не е ништо платено. Кој би работел една година без пари? Тоа е една од причините што овој проект е заглавен. Во комуникација со Ексим банката успеавме да ја завршиме целата документација. Добив информација минатиот четврток дека кредитот е ефективен, средтсвата се одобрени, истакна Николоски.

Тој на почетокот кажа дека Министерството со кое раководи наследило тешка ситуација и празен буџет.

To top