Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа мини-митинг каде говореа кандидатот за градоначалник Златко Ристов, потпретседателот Александар Николоски и претседателот Христијан Мицкоски.

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче се одржа мини митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде потпретседателот Николоски и претседателот Мицкоски му дадоа поддршка на кандидатот Ристов за во вториот круг.

Потпретседателот Николоски покрај повикот за поддршка во вториот круг од локалните избори, тој потсети и за некои од клучните проекти кои беа реализирани, но и проекти кои се во тек на реализација со помош на владата. Таков капитален проект е и новиот пат до село Раќитец, кој ќе овозможи нов влез во селото.

– Драго ми е што проектите кои заедно со градоначалникот  ги започнавме веќе се реализираат како овој простор тука каде што сме. Драго ми е и дека патот интензивно се работи, рече Николски.

– Гледате дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на локалните избори. Затоа да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг, да дадеме поддршка во вториот круг за убедлива победа, порача Николоски

 

Најнови вести од Македонија

To top