Македонија Сега, Бајден е Цацко...

Ни Цацко, ни Клуни, Бајден да ти бил крив за поразот на Камала

Во Македонија, пак за се’ крив е Цацко. Во Превод, Џорџ Клуни до прeд малку беше американскиот Цацко. По ново, сега Бајден е Цацко за оние кои сакаат да ја оправдаат Камала и нејзиниот пораз. Утре, можеби, ќе им текне дека крив е Трамп, а најмногу Камала Харис и изнасилената антиамериканска политика, трансџендер политиката, невработеноста, маргинализацијата на семејството, на вистинските вредности, лошото справување со кризите (економска, здравствена, образовна), војните, мигрантските авантури, децата со пубертетски блокатори, можноста да се декларираш како кутре по род, несвесноста за потребите на рурална Америка. Списокот на „виновници“ е предолг…

И после, Цацко ти е крив…

Ни Цацко, ни Клуни, Бајден да ти бил крив за поразот на Камала

Не Цацко, не Џорџ Клуни. Џозеф Бајден да ти бил виновен за поразот на Камала.

Некои сојузници на потпретседателката на САД Камала Харис го обвинуваат шефот на државата во заминување Џозеф Бајден за нејзиниот пораз на претседателските избори, наведувајќи дека требало порано да се повлече од трката, јавија американски медиуми.

Додека демократите бараат контрола на штетите по изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на 5 ноември, некои од сојузниците на Камала Харис велат дека исходот бил „запечатен“ со одлуката на Бајден да остане во трката до летото, и покрај долготрајната загриженост на гласачите за неговото здравје и незадоволство поради високата инфлација и масовниот прилив на мигранти.

Неколку неименувани високи демократи, вклучително и тројца советници од изборниот штаб на Камала Харис, изразија длабоко незадоволство што 81-годишниот Бајден претходно не увидел дека не одговара на предизвикот.

Бајден (81) ја заврши својата реизборна кампања во јули, неколку недели откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата способност да биде кредибилен претседателски кандидат.

Сепак, анкетите одамна покажаа дека многу Американци се загрижени за возраста на Бајден. Во август 2023 година, околу 77 отсто од Американците рекоа дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен уште четири години, според анкетата на Асошиетед прес-Норк.

По изборната победа на Трамп, дел од демократите го нападнаа Џорџ Клуни кој јавно се залагаше Џо Бајден да се откаже од претседателската трка. Во јули оваа година, Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој се нафрли на Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“.

„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо „Фаца“ Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.“Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што го виделе”, додаде Клуни. Последователно интервју со Џорџ Стефанопулос од Еј-Би-Си „само го потврди она што го видовме претходната недела“, рече Клуни.

Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“. Извртената психологија вели дека со тоа што го „тргнал“ Бајден, Клуни ја наместил Камала, која изгуби „како Грчка“ од Трамп. Демек, Бајден ќе „тепал.“

Во Македонија, пак за се’ крив е Цацко. Во Превод, Џорџ Клуни до прeд малку беше американскиот Цацко. По ново, сега Бајден е Цацко за оние кои сакаат да ја оправдаат Камала и нејзиниот пораз.

Утре, можеби, ќе им текне дека крив е Трамп, а најмногу Камала Харис и изнасилената антиамериканска политика, трансџендер политиката, невработеноста, маргинализацијата на семејството, на вистинските вредности, лошото справување со кризите (економска, здравствена, образовна), војните, мигрантските авантури, децата со пубертетски блокатори, можноста да се декларираш како кутре по род, несвесноста за потребите на рурална Америка. Списокот на „виновници“ е предолг…

И после, Цацко ти е крив…

 

Најнови вести од Македонија

To top