Македонија

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ го поддржува премиерот Мицкоски во имплементирање на владините политики

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ го поддржува премиерот Мицкоски во имплементирање на владините политики

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ изразува недвосмислена и безусловна поддршка на Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски во насока на имплементирање на владините политики, како и предлозите кои беа предмет на дебата на лидерската средба, бидејќи се во интерес на сите граѓани и подигнување на квалитетот на живот, како и развој на самите демократски процеси.

Особено е значајно, укинувањето на ,,Техничката влада,, која не ги даде очекуваните резултати и создава повеќе проблеми отколку што нуди излезни решенија. Како посебна и автохтона етничка заедница, силно веруваме во демократските капацитети  на Владата на Македонија, а особено во Премиерот Христијан Мицкоски, кој не дозволува Египќаните да бидат изолирани, неинтегрирани и маргинализирани.

Развојот на демократските процеси  бара инклузивност, сплотеност околу националните интереси над партиските, и тоа е оснопвот за поддршка на Премиерот  Проф.Д-р Христијан Мицкоски, истакна лидерот на НГИ„КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Дипл.правник Демир Далип.

Најнови вести од Македонија

To top