Во најновата неаргументирана провокација, Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис ги помеша историските факти и научни сознаија. Поведен од дневно-политички поени, тој на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е 90 проценти бугарски и оти немало потреба претставниците на Македонија да ставаат слушалки за превод кога некој зборува на бугарски. Кефалојанис заборава или не дека Бугарите се оние кои при доаѓање на Балканот (историски потврдено) ја прифаќаат тукашната култура и јазик. Во превод, според историските сознаниај и лингвистички докази, бугарскиот може да биде 90 насто македонски, не и обратно.
„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот“, рече квази-лингвистот Кефалојанис.