Како што неофицијално дознаваме, одржана е координација на пратеничката група на СДСМ и коалицијата за Законот за реформи на органите на државната управа.
Пратениците од НСДП предложиле да се гласа ЗА законот. Пратеничката група на СДСМ била поделена, некои да се гласа ЗА, некои ПРОТИВ, а некои да бидат воздржани.
Пред неколку дена за време на Централниот одбор на ЛДП пратеничката Моника Зајкова најави дека ќе го поддржи предлог законот за реформи во органите на државната управа.