Македонија отворено промовира

Ненад Јовановиќ со порака „ЈАС СУМ ИМИГРАНТ“: Идеологот на СДСМ повикува во Македонија да дојдат мигранти

Јовановиќ неодамна ја смени и својата профилна/насловна фотографија на Фејсбук, ставајќи постер со пораката „I’m an immigrant too“, симболика што во јавноста се чита како јасна поддршка на мигрантските политики кои СДСМ ги релативизираше и додека беше на власт.

Ненад Јовановиќ со порака „ЈАС СУМ ИМИГРАНТ“: Идеологот на СДСМ повикува во Македонија да дојдат мигранти

Идеологот на СДСМ и еден од најгласните јавни поддржувачи на Зоран Заев и Венко Филипче, Ненад Јовановиќ, отворено промовира прифаќање мигранти во Македонија преку свои објави на социјалните мрежи.

Јовановиќ неодамна ја смени и својата профилна/насловна фотографија на Фејсбук, ставајќи постер со пораката „I’m an immigrant too“, симболика што во јавноста се чита како јасна поддршка на мигрантските политики кои СДСМ ги релативизираше и додека беше на власт.

Printscreen / Facebook

Во придружната објава, Јовановиќ тврди дека преселбата на луѓе „не смее и не може да се нарече криза“, а секое предупредување за безбедносните, културните или демографските последици го квалификува како „параноја“. Притоа, тој ги минимизира разликите меѓу економска миграција, политички азил и организирани миграциски бранови, ставајќи ги сите под иста идеолошка рамка.

Оваа јавна позиција доаѓа во момент кога СДСМ, иако формално во опозиција, повторно ја отвора темата за мигрантите, обидувајќи се да ја прикаже како прашање на „вредности“, а не на државна безбедност, капацитет и суверено одлучување.

Со сменета профилна фотографија и радикална реторика, идеологот на СДСМ јасно покажува: за нив мигрантската тема не е завршена, туку повторно се враќа на дневен ред – овојпат преку „мека“ идеолошка пропаганда.

Најнови вести од Македонија

To top