Македонија

Нема крај на криминалот во Клинички

Нема крај на криминалот во Клинички

Шест години наназад на Клиниката за детска хирургија доаѓаат двајца доктори од Бугарија, детски хирурзи, да оперираат деца за дневница од 2.500 – 5.000 евра. Цената варира во зависност од тоа дали ќе дојдат еднаш или двапати во месецот.

Според информациите, хирурзите наутро оперираат, а навечер заминуваат и ги оставаат децата на милост и немилост.

Институциите треба да одговорат дали се точни информациите дека при компликации кај оперираните деца истите се праќаат во Бугарија со дополнителни финансиски средства одобрени од ФЗОМ?

Директорите ги потпишувале налозите за исплата, а претседателот на управниот одбор на клиниката, како полномошник на банкарските сметки на докторите од Бугарија, ги подигнувал парите од банка.

Финансиската полиција и обвинителство ги проверуваат клиниките и ваквите информации.

To top