Македонија награда за творба

Натпревар за цртање и сликање за прослава на Денот на децата во Јапонија

Конкурсот е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата земја и Јапонија.

Натпревар за цртање и сликање за прослава на Денот на децата во Јапонија

Амбасадата на Јапонија во Скопје, Денот на Децата во Јапонија 5 -ти мај ќе го прослави со натпревар за цртање и сликање. Отворен е за сите деца до 12-годишна возраст кои уживаат да творат во техниките цртеж со јаглен, креда, молив, туш или сликарските техники фломастер, акварел, гваш, темпера, акрил, пастел, колаж, асемблаж и се добредојдени на конкурсот, димензиите на творбите не се ограничени, а трае до 18 април. Конкурсот е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата земја и Јапонија.

-Поттикнте ги децата да творат за нашето пријателство, за важноста на „кизуна“(сиона и длабока врска) со своите „томодачи“(пријатели), повикуваат од Амбасадата на Јапонија.

Жири-комисијата составена од Казуја Оцука, амбасадор на Јапонија, професор Гоце Наневски, Факултет за ликовни уметности – Скопје и професорката Дита Старова Ќерими, Универзитетот „Американ колеџ“- Скопје, ќе додели три награди, како и специјална награда за творбата објавена на Фејсбук страницата која ќе добие најмногу лајкови.

Творбите можета да се испраќаат во jpeg или png формат не поголем од 10 MB на: [email protected] до 18ти април.

Со секоја творба, треба да има го насловот на творбата, името и возраста на авторот.

Гласањето за доставените цртежи преку Фејсбук-страницата ќе трае дo 30-ти април.

Денот на децата (こ ど も の 日, Kodomo no Hi) е јапонски национален празник кој се прославува секоја година на 5-ти мај. Тоа е ден посветен на изразувањето почит кон личностите на децата и славење на нивната среќа.

На овој ден, семејствата летаат змејови наречени коинобори, во форма на риба, крап (оваа форма се користи поради легендата што вели дека крапот што плива спротивно на течението на водата, станува змеј и одлетува кон небото). Начинот на кој овие змејови летаат на ветер, изгледа како да пливаат.

Црниот крап е за таткото, црвен или розов за мајката и еден крап (вообичаено син, или понекогаш зелен и портокалов) има за секое од децата. Понекогаш семејствата прикажуваат и кукла-самурај како јава на голем крап(најчесто ги илустрира јапонските фолклорни херои Кинтаро или Момотаро кои во моментов се изложени во Скопје и можат да се погледнат во Археолошкиот музеј) и/или традиционалниот јапонски воен шлем, кабуто, како класичен симбол на сила и виталност.

На овој ден вообичаено се послужува кашива мочи (лепливи колачи од ориз полнети со џем од црвен грав и завиткани во дабови лисја) и чимаки (леплив сладок ориз завиткан во лист од перуника или бамбус).

Најнови вести од Македонија

To top