Македонија

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри.

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри.

Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -6 степени во Скопје Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, -4 Битола, Велес, Куманово, Попова Шапка, -3 Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, -2 Лазарополе, -1 Гевгелија, Прилеп, 0 Охрид, Претор, 1 Виница, Дебар, Маврови Анови, како и 2 степена во Крушево.

Висината на снежната покривка е 44 сантиметри на Попова Шапка, 15 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

To top