Македонија УХМР

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека утрово минус 4 степени се регистрирани во Берово, минус 3 во Скопје – Петровец, минус 2 во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, Велес, минус 1 во Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 0 во Прилеп, Гевгелија, 1 во Маврови Анови, Охрид, Виница, 2 во Крушево, а 4 во Дебар.

Во седум часот, висината на снежната покривка во сантиметри изнесувала 33 на Попова Шапка, 24 – Маврови Анови.

Од УХМР соопштуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места, од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Времето во Скопје се очекува претпладне да биде со појава на магла, преку денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, да има врнежи од дожд. Максималната температура се прогнозира да достигне до 9 степени.

Најнови вести од Македонија

To top