Утрово најстудено со измерени – 8 степени Целзиусови е во Берово, додека со 1 степен најтопло е на Попова Шапка.
Измерени се -6 во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица и Куманово, -5 степени во Тетово, Прилеп, Велес и Штип, -4 на Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -3 Крива Паланка, -2 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Маврови Анови и нула степени во Крушево.
Во текот на ноќта, соопштија од УХМР, времето беше ведро, а утрово е сончево и студено со мала локална облачност. Понекаде дува слаб ветер претежно од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. (МИА)