Македонија

Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија

Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија

Најниска температура од -1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови. Следат Лазарополе, Берово и Крушево со нула степени, 1 во Прилеп, Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес, Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија, 6 Штип и 8 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа заклучно до 07 часот најмногу воден талог од 11 литри на метар квадратен е наврнат во Гевгелија, поитоа во Струмица 8 л/м2, 7 во Виница, 6 Радовиш Пожар, 5 Крива Паланка, 4 Охрид, 3 Лазарополе, Куманово, 2 Берово и 1 л/м2 во Маврови Анови, Демир Капија, Претор, Штип, Битола, Дојран и во Скопје кај Петровец.

Времето денеска променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови и на крајниот исток со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

To top