Македонија Временска прогноза

Најниската температура измерена утрово – 8 степени, во текот на денот до 9 степени

Најмногу снег има на Попова Шапка шест сантиметри.

Најниската температура измерена утрово – 8 степени, во текот на денот до 9 степени

Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.

Најмногу снег има на Попова Шапка шест сантиметри.

Утрово е студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.  (МИА)

To top