Македонија Статистички годишник 2025

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Македонија 2025“, на Државниот завод за статистика.

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри.

Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Македонија 2025“, на Државниот завод за статистика.

Над половина од семејниот буџет во 2024 година одел за храна и безалкохолни пијалаци, односно по околу 159 750 денари.

За храна домаќинствата во просек најмногу трошеле за месо – 38 397 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 30 411 денари, за производи од жито – 25 079 денари, за зеленчук – 21 373 денари, за овошје – 9 932 денари, за шеќер и чоколади – 7 409 денари, други прехранбени производи – 6 375 денари, за масло и маснотии – 5 160 денари, и најмалку за риба – 4 369 денари.

Најмногу се јадело леб – 172,3 килограми и компир – 64 килограми. Во просек на семејната трпеза имало по околу 25 килограми – тестенини и ориз, млеко – 73,4 литри, сирење – 32,4 килограми, 609 јајца, но и чоколади и кекси – 22,7 килограми и шеќер – 19,8 килограми.

Од зеленчук во просек се јадело по 33 килограми домати, 30,4 килограми пипер, 29,5 килограми зелка и 19,2 килограми краставици. Грав – 14,9 килограми, а грашок и боранија 0,7 килограми.

Од овошје најмногу се јадело јужно – 70,2 килограми, потоа бостан – 33,5 килограми и јаболка – 31,4 килограми. Праски и кајсии – 7,8 килограми, круши – 3,8 килограм, грозје – 3,5 килограми и цреши и вишни – 1,5 килограми.

Од месо најмногу на домашната трпеза имало живина – 45,6 килограми, потоа свинско – 23,6 килограми, говедско, телешко и јунешко – 16,9 килограми и овчо и јагнешко – 0,4 килограми. Свежа и замрзната риба домаќинствата во просек изеле по 16 килограми, а преработки од риба – 2,4 килограми.

Владата доцна синоќа донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства

Од млеко и млечни производи најмногу се консумирало кисело млеко и јогурт – 76,2 кг, потоа пресно млеко 73,4 литри и сирење – 32,4 кг.

За пијалаци и тутун, најголем дел од домашниот буџет одел за тутун – 14 285 денари, потоа 6 293 денари за безалкохолни пијалаци, за кафе, чај и какао по 4 951 денари, и за алкохолни пијалаци се трошеле 4 309 денари.

Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри, а кафе и какао – 7,8 килограми. Од алкохол најмногу пиво – 28,6 литри, вино – 4,6 литри и жестоки пијалаци – 1,9 литри.

Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено на 5040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598 632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555 079), 5,2% се мешовити (31 373), а само 2% се земјоделски (12 180).

Најнови вести од Македонија

To top