Македонија

Над 150 припадници на АРМ учествуваат во гаснењето на пожарите

Над 150 припадници на АРМ учествуваат во гаснењето на пожарите

Во текот на денешниот ден и изминатото деноноќие повеќе од 150 припадници од 1.пешадиска бригада продолжуваат во гасење на пожарите.

Од АРМ информираат дека поделени во повеќе групи, војниците делуваат во реонот на с. Брезница и с. Тажево, општина Македонски Брод, околината на с. Долно Ѓуѓанци и с. Макреш, општина Свети Николе, но и во атарот на с. Татомир, општина Кратово, во околината на манастирот „Света Недела“ во с. Ранчанци и Еленско Блато во Општина Пехчево, во атарот на с. М’глинце, како и во околните села на Кратово.

To top