Македонија во координација со кризниот штаб

Над 140 припадници на АРМ беа вклучени во справување со последиците од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Генералштабот на Армијата останува во постојана комуникација со надлежните институции за понатамошна поддршка.

Над 140 припадници на АРМ беа вклучени во справување со последиците од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Армијата постапувајќи согласно процедурите за ангажирање во мирновремени услови кога не е прогласена кризна состојба и добиеното барање од Центарот за управување со кризи, активно се вклучи во поддршката на државните институции за справување со последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Во координација со кризниот штаб во Кочани, над 140 припадници на Армијата со потребниот број на моторни возила и материјално-технички средства, како и еден воен хеликоптер со обезбедени полетно слетни платформи на повеќе локации во државата, беа ангажирани за поддршка на цивилните институции, информираат од Армија.

Армијата имаше и значајна улога во координацијата на странската медицинска поддршка, односно на воздухопловите, во најголем дел воени, од: Република Бугарија, Република Србија, Република Турција, Романија, Луксембург, Република Австрија, Република Италија, Република Словенија, Република Полска, Република Грција, Кралството Шведска, Република Финска, Република Хрватска и Република Унгарија, а со кои беа транспортирани вкупно 96 повредени лица.

Генералштабот на Армијата останува во постојана комуникација со надлежните институции за понатамошна поддршка.

Најнови вести од Македонија

To top