Македонија

На новогодишната ноќ стабилно и суво, еве какво време не’ очекува во Новата година

На новогодишната ноќ стабилно и суво, еве какво време не’ очекува во Новата година

Времето вечер на новогодишната ноќ ќе биде стабилно, суво и претежно тивко. Такво време, според УХМР не очекува и во првите денови од новата година, до петок.

Утринските температури ќе бидат пониски, а по котлините ќе има услови за појава на магла.

Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег.

Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

Најнови вести од Македонија

To top