Неофицијалните резултати на 30,23% обработени гласачки места, покажуваат повеќе од двојна предност на Силјановска Давкова пред Пендаровски.
Имено, од изброените гласови, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освоиле 45% од овие гласови, а кандидатот на СДСМ 19,92%.
Зад нив е Бујар Османи кој на преброени 30,23% од гласачките места, освоил 11,71% од гласовите.
Следен на листата е Максим Димитриевски, кој има освоено 7,56% од овие преброени гласови, а зад него е Арбен Таравари со 7,56%.
Ванковска од овие 30% пребројани гласачки места добила 4,53% од гласовите, а Јакимовски 1,02%.
Неважешки се 2,38% од ливчињата.