Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника.
– Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.
Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.