Македонија

МВР објави фотографија од исчезнатата Вања – Ова е нејзиниот детален опис

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон, објави МВР.

МВР објави фотографија од исчезнатата Вања – Ова е нејзиниот детален опис

Министерството за внатрешни работи на својата интернет страна ја објави малолетничката Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица.

Од МВР заедно со описот на девојчето објавија и нова фотографија.

-ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон, објави МВР.

Screenshot / Министерство за внатрешни работи

 

Мајката на 14 годишната Вања, Зорица, вчера ја пријави за исчезната нејзината ќерка откако утрината излегла за на училиште, но не стигнала таму.

Најнови вести од Македонија

To top