Македонија локални избори 2025

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера.

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава.

МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.

Најнови вести од Македонија

To top