Македонија по доставено барање веднаш е постапено

МВР ги демантира медиумските наводи: За санацијата на оградата на мостот „Гоце Делчев“ позитивно е одговорено

Министерството за внатрешни работи апелира да се пласираат точни и проверени информации во насока на транспарентно известување на јавноста.

МВР ги демантира медиумските наводи: За санацијата на оградата на мостот „Гоце Делчев“ позитивно е одговорено

Во врска со објавите во дел од медиумите за наводно недавање дозвола од страна на Министерството за внатрешни работи за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, МВР ги известува граѓаните дека оградата на мостот е веќе санирана.

Имено на 20.03.2025 од страна на град Скопје – ЈП „Улици и патишта“ доставено е барање до МВР на кое веќе следниот ден (21.03.2025) е позитивно одговорено, по што надлежното јавно претпријатие ја изврши санацијата на оградата од мостот.

Министерството за внатрешни работи апелира да се пласираат точни и проверени информации во насока на транспарентно известување на јавноста.

Најнови вести од Македонија

To top