Македонија сообраќајна контрола

МВР: 252 санкции за брзо возење

МВР: 252 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 128 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

To top