Македонија

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера оствари работна посета на Кралството Шпанија, информираат од МНР.

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера оствари работна посета на Кралството Шпанија, информираат од МНР.

Освен работната средба со својот шпански колега, тој се сретна и со членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија и со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, а имаше и свое обраќање на Кралскиот Институт Elcano.

Во рамките на посетата на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), фокусот на разговорите беше ставен на економските перспективи, начинот на продлабочување на економските односи, можноста за зголемување на трговската размена која има нагорен тренд, поголемо поврзување на македонските и шпанските компании во областа на енергетиката, транспортот и инфраструктурните проекти.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходна поблиска соработка помеѓу шпанската деловна асоцијација и надлежните институции во државата, а воедно најавија одржување на економски настани со цел да се зближат шпанските и македонските компании и продлабочување на соработката помеѓу стопанските комори од двете земји.

На средбата со членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, беше нагласена улогата на парламентарната дипломатија и придобивките од истата, нагласувајќи ја потребата од интензивирање на парламентарната соработка во претстојниот период.

Говорејќи за евроинтегративниот процес, министерот Муцунски пред членовите на комисијата истакна дека и покрај предизвиците со кои државата се соочува во интегративниот процес, владата макотрпно работи на спроведување на неопходните реформи и посветена е на имплементацијата на европските реформи на домашен план.

Во рамки на посетата, Министерот Муцунски имаше и свое обраќање на Кралскиот Институт Elcano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”. Во настапот, пред дипломатите и преставниците на тинк-тенк институтите, Министерот нагласи дека имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, регионот кој историски, географски и културолошки припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство. Притоа, нагласи дека сè поголема е потребата да се промени наративот и да се испрати порака од ЕУ која би дала надеж за продолжување на процесот, додавајќи дека овој пристап ќе поттикне поголема доверба и кредибилитет во процесот на интеграција.

To top