Македонија Од утре

Муцунски во работна посета на Австрија

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

Муцунски во работна посета на Австрија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите.

Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија.

Најнови вести од Македонија

To top