Македонија словенечка солидарност

Муцунски: Високото ниво на солидарност што Словенија го покажува е доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи

Имав можност лично да добијам информации од лекарскиот тим и да се запознаам со стручниот кадар кој помогна во еден исклучително важен сегмент – организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт на пациентите, потенцира Муцунски.

Муцунски: Високото ниво на солидарност што Словенија го покажува е доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи

Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува – доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи.
Ова го истакнав денес во Љубљана, каде што остварив издвоени средба со министерката за надворешни работи, Тања Фајон и министерката за здравство Валентина Преволник Рупел и медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија, објави Тимчо Муцунски, министер за надвотешни работи и надворешна трговија.

-Имав можност лично да добијам информации од лекарскиот тим и да се запознаам со стручниот кадар кој помогна во еден исклучително важен сегмент – организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт на пациентите, потенцира Муцунски.

И во Словенија, нашата амбасада, со сите свои капацитети, останува на целосно располагање на семејствата на пациентите. Кризниот штаб од Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување, стои во објавата на министерот Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top