Македонија средба

Муцунски се серетна со неговиот албански колега Хасани

Денеска во Охрид бев домаќин на мојот колега, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, се вели во Фејсбук статусот на министерот Тимчо Муцунски.

Разговаравме за одличните билатерални односи, унапредување на добрососедските односи, економска и трговска соработка. На средбата стана збор и за процесот на интеграција во ЕУ, партнерството во рамки на НАТО Алијансата и соработката на мултилатерален план. Заедно присуствувавме и на отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга, кој претставува значаен чекор во насока на продлабочување на конзуларната, но и политичко-економската соработка меѓу двете земји, истакна Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top