Македонија МНР

Муцунски приреди пригоден настан по повод завршување на мандатот на амбасадорот Дејвид Гир

Министерот Муцунски истакна дека главната цел на државата, останува да стане членка на Европската Унија што поскоро, и ги подвлече приоритетните задачи на надворешната политика, каде европската интеграција и остварување на полноправно членство, претставуваат врвен приоритет.

Муцунски приреди пригоден настан по повод завршување на мандатот на амбасадорот Дејвид Гир

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски приреди пригоден настан по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ во МК – амбасадорот Дејвид Гир.

Министерот Муцунски истакна дека главната цел на државата, останува да стане членка на Европската Унија што поскоро, и ги подвлече приоритетните задачи на надворешната политика, каде европската интеграција и остварување на полноправно членство, претставуваат врвен приоритет.

Навраќајќи се на долгиот период на нашиот ЕУ интегративен процес, истакна дека покажаната кооперативност и конструктивност од наша страна е препознатлив атрибут во водењето на процесот. Посебноста на нашето досие и искуството низ кое минуваме во пристапувањето кон ЕУ е посебен квалификатив, кој сметаме дека заслужува посебен третман и признание од земјите членки на ЕУ.

Муцунски се осврна и на други приоритети кои ги имаме пред нас во остварувањето на стратешките цели: забрзување на процесот на пристапување во ЕУ, зајакнување на односите со нашите стратешки партнери, активна регионална соработка, обновување на довербата во државните институции и започнување на бескомпромисна борба против корупцијата, со владеењето на правото како водечки принцип.

Тој се наврати на соработката со Европската Унија и Европската Комисија, при што истакна дека поддршката и експертизата на Унијата се од суштинско значење за реформите, стабилноста и просперитетот на земјата, потенцирајќи дека како држава, високо ја цениме помошта која што доаѓа од претставниците на земјите членки на ЕУ и на ЕК, а партнерството со ЕУ ќе продолжи да се развива со исто темпо и врз основа на споделените вредности и принципи.

Министерот Муцунски ја нагласи улогата и активната работа на амбасадорот Гир во изминатите 4 години, во период на големи предизвици и навистина тешки состојби, чии што последици ги почувствуваа сите земји, вклучително и граѓаните во нашата земја.

Воедно, тој изрази благодарност за неговата работа и интензивната соработка, при што активниот и продуктивен пристап на амбасадор Гир, имаа огромен придонес во остварувањето на зацртаните цели, што дополнително остава силен печат во релациите со ЕУ и ЕК и во постигнување на извонредните перформанси на Делегацијата на ЕУ во МК, кои ќе останат трајно забележани.

Најнови вести од Македонија

To top