Македонија МНР

Муцунски на средба со амбасадорка на Израел: Остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите

Министерот Муцунски потенцираше дека остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите од земјава и нивното историско и културно наследство.

Муцунски на средба со амбасадорка на Израел: Остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со нерезидентната амбасадорка на Државата Израел, Симона Франкел.

Муцунски информираше за приоритетите во работата на новата влада со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

Соговорниците се осврнаа на билатералната соработка и начините за нејзино унапредување и натамошно зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.

Министерот Муцунски потенцираше дека остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите од земјава и нивното историско и културно наследство.

To top