Македонија Тежок и тажен ден за државата

Муцунски: На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите им изразувам најдлабоко сочувство и сила да ја издржат оваа незамислива загуба

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, во координација со надлежните институции, потенцира министерот Муцунски.

Муцунски: На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите им изразувам најдлабоко сочувство и сила да ја издржат оваа незамислива загуба

Тежок и тажен ден за државата. Нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија.
На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите им изразувам најдлабоко сочувство и сила да ја издржат оваа незамислива загуба, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Утрово остварив телефонски разговор со моите колеги од повеќе земји, кои изразија искрено сочувство за несреќата во Кочани и ја понудија својата поддршка и капацитети на располагање на нашата држава. Веќе сме во координација и комуникација со нашите соседи и меѓународни партнери за обезбедување соодветна помош, согласно потребите на пациентите и проценките на стручните медицински лица.

Изразувам искрена благодарност за понудената поддршка и помош, како и за солидарноста што ја покажаа нашите пријатели во овие тешки моменти.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, во координација со надлежните институции, потенцира министерот Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top