Предлогот за министер за надворешни работи и актуелен градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, изрази голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владатаХристијан Мицкоски, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидае министер во новата влада.
-Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога, истакна тој.
Посочи дека ќе се залага за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој.
-Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија, посочи тој.