Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, му посака добредојде за претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.
-Во фокусот на разговорите на највисоко политичко ниво се темите поврзани со унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на политичките и економските односи. Ќе бидат потврдени одличните пријателски односи меѓу двете држави. Денеска ќе биде потпишан Договор за економска соработка, кој ќе придонесе за понатамошно унапредување на економските и трговските врски меѓу двете земји, вели Муцунски.