Во Министерството за надворешни работи, денес се обрати министерот Тимчо Муцунски на регионалната безбедносна конференција во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Вилфред Мартенс центарот.
-Во време кога хибридните и воените закани стануваат сè покомплексни и координирани, Алијансата мора заеднички и стратешки да дејствува. Единството и отпорноста не се само принципи, тие се нашата најсилна одбрана. Истакнав дека како дел од НАТО, заедно со сојузниците, остануваме посветени на јакнење на колективната безбедност, заштита на европската стабилност и одбрана на поредокот заснован врз правила, истакна Муцунски.