Македонија пациентите и нивните најблиски добија соодветна поддршка

Муцунски: До крајот на неделата се очекува да се вратат уште неколку пациенти кои што се лекуваат во странство

Во вечерашното гостување во централниот дневник на Сител телевизија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за лекувањето на македонските пациенти во странство, како и за тековниот процес на нивно враќање во државата.

Муцунски: До крајот на неделата се очекува да се вратат уште неколку пациенти кои што се лекуваат во странство

Во вечерашното гостување во централниот дневник на Сител телевизија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за лекувањето на македонските пациенти во странство, како и за тековниот процес на нивно враќање во државата.

-Во моменти кога ќе се соочите со болката на семејствата на загинатите, недостигаат вистинските зборови. Но, добро е што по ваква трагедија има и светли точки – младото момче Јован кое херојски се жртвуваше за да помогне, и пациентот кој денеска се врати дома од лекување – првиот што се враќа по ваква тешка здравствена борба, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го започна процесот на враќање на пациентите и нивните семејства. Изготвен е протокол од страна на стручни медицински лица, кој е споделен со болниците преку дипломатско-конзуларните претставништва. Согласно најавите, се очекува до крајот на неделата да се вратат уште неколку пациенти, но – како што подвлече министерот – нема да се дозволи ни минимален ризик по нивното здравје.

-Ова е комплексен логистички процес, но сметам дека пациентите и нивните најблиски добија соодветна поддршка, со оглед на сериозноста на ситуацијата. Од досегашните посети можам да потврдам дека имаат квалитетна здравствена услуга, искрено внимание и чувство дека нашите деца се третираат како нивни, додаде тој.

Министерот упати и искрена благодарност до сите држави кои пружија медицинска и логистичка помош.

-Солидарноста што ја добивме не беше само на зборови – туку солидарност на дело. Благодарни сме и на нивните влади и на нивните народи што ги отворија вратите и ги примија нашите сограѓани. Веќе размислуваме како Влада да се заблагодариме – затоа што искрено сме благодарни за тоа што го направија, истакна Муцунски.

Муцунски посочи дека следен голем предизвик е враќањето во нормала на животот во Кочани.

-Треба да размислиме што понатаму ќе направиме за нив, за нивните семејства, но и за Кочани – за градот повторно да живее добри денови, во почит кон тие што таму загинаа, заклучи министерот.

Најнови вести од Македонија

To top