Македонија народен митинг пред владата на Македонија

Муцунски: Аналитичарот Пендаровски е минато, професорката Силјановска Давкова како претседател ќе го врати дигнитетот на граѓаните и ќе ја направи Македонија горда држава

Муцунски истакна дека професорката Силјановска Давкова е антипод на тоа што е претседателот во заминување Пендаровски, за кого граѓаните нека размислат дали може да се сетат на еден него реализиран проект.

Муцунски: Аналитичарот Пендаровски е минато, професорката Силјановска Давкова како претседател ќе го врати дигнитетот на граѓаните и ќе ја направи Македонија горда држава

Денес е ден кој означува нов почеток за државата и народот. Низ призмата на позитивна кампања, кампања базирана на политики и конкретни ветувања ние сакаме да кажеме дека Македонија може да биде многу поинаква држава, каде граѓанинот има дигнитет, држава каде претседателот и идната влада ќе работат во интерес на решавање на проблемите на граѓани и држава во која ќе бидеме горди што сме Македонци, изјави потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за дневникот на Сител, пред големиот народен митинг пред владата на Македонија.

Муцунски истакна дека професорката Силјановска Давкова е антипод на тоа што е претседателот во заминување Пендаровски, за кого граѓаните нека размислат дали може да се сетат на еден него реализиран проект.

-Аналитичар и слаб политичар и слаб претседател, затоа ни треба претседател како професорката Силјановска Давкова која се докажала во научната сфера како врвен научник и дома и надвор од нашите граници, но последните 4 години и активно дејствува во Собранието со конкретни предлози на закони, на амандмани, иницијативи и идеи како Македонија да ја направиме поинаква и горда и достојна држава, рече Муцунски.

Муцунски нагласи дека СДС и ДУИ во оваа безидејност немаат друго освен да се занимаваат со негативна кампања, но ќе се вратам на нешто што го кажавме за локалните, колку пониско тие удираат толку повисоки ќе се качуваме ние давајќи им надеж на граѓаните дека Македонија повторно ќе биде горда.

-Од главниот град ќе ги означиме промените, аналитичарот Пендаровски е минато и време е да зборуваме за иднината и каква држава треба да градиме, што испуштивме, никакви економски резултати, крах на образованието и здравството, страшни неуспеси во делот на надворешна политика кои ја ставија во подредена состојба целата држава и време е зборуваме за конкретни мерки, како да го подигнеме стандардот, како да креираме надворешна политика која ќе носи резултати и ќе го заштити достоинството на македонските граѓани. Вистинскиот избор се Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Муцунски.

To top