Македонија

Мизрахи од Виница: Наследивме девастирана држава, економијата ни е во фокусот, зголемуваме пензии, плати, исплаќаме редовно субвенции

Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина, вели во своето видео обраќање Рашела Мизрахи, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Мизрахи од Виница: Наследивме девастирана држава, економијата ни е во фокусот, зголемуваме пензии, плати, исплаќаме редовно субвенции

Добра вечер од прекрасната Виница. Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина, вели во своето видео обраќање Рашела Мизрахи, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток.

Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции.

Во општината се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење. Продолжуваме и понатаму така, за Македонија!, вели Мизрахи.

To top