Македонија следно прашање за жерновски: што значи еу?

Мицкоски за „државничките политики на СДСМ“: Можеби повеќе за тоа ќе ви каже Андреј НАТО Жерновски

Инаку, во поткастот на Ландов, Жерновски на директно прашање на новинарот што значи НАТО кратенката, се замисли, пропелтечи и го промаши значењето, со што стана инстант-предмет на урнебесна шега за целата македонска јавност, која се’ уште не може да се свести од фактот што еден поранешен амбасадор, заменик министер за надворешни работи во влада на СДС, а сега и прв човек на СДС-дипломатијата според сегашната позиција во партијата не го знае вистинското значење на кратенката на Алијансата

Мицкоски за „државничките политики на СДСМ“: Можеби повеќе за тоа ќе ви каже Андреј НАТО Жерновски

Запрашан за коментар на изјавата на октроираниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, кој на денот на влез на Македонија во НАТО изјави дека наводно „Ова бил силен доказ за државничките политики на СДСМ“, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги упати новинарите за тоа нешто повеќе да им каже Венковиот секретар за меѓународна политика, Жерносвки.

„Па видете, околу државничките политики на СДСМ нешто повеќе ќе ви каже нивниот нов секетар за меѓународна полтика, господинот Андреј НАТО Жерновски. Можеби тој ќе ви каже какви државнички полтики воделе“, ги насочи новинарите Мицкоски.

Инаку, во поткастот на Ландов, Жерновски на директно прашање на новинарот што значи НАТО кратенката, се замисли, пропелтечи и го промаши значењето, со што стана инстант-предмет на урнебесна шега за целата македонска јавност, која се’ уште не може да се свести од фактот што еден поранешен амбасадор, заменик министер за надворешни работи во влада на СДС, а сега и прв човек на СДС-дипломатијата според сегашната позиција во партијата не го знае вистинското значење на кратенката на Алијансата, особено поради тоа што Македонија за тоа плати прескапа цена со промената на името на државата, чин кој го изведе токму владата на Заев и Филипче. цена која не мораше да се плати, како што посведочија лично грчките протагонисти во случувањата во Нивици.

Жерновски рече дека НАТО (NATO) значи Nort Atlantic Organization.


И се изрезили и ја утна, заборави на еден збор, кој можеби за секој „обичен смртник“ и граѓанин не би бил грев, но за политичар на оваа позиција е жив резил. НАТО значи – North Atlantic Treaty Organization, нешто што поранешен втор човек во МНР и амбасадор мора да го знае. Но, не и Жерновски. Што повеќе околу квалитетот на кадрите на СДС. Слдно прашање до него, на шега по соц-мрежите е АНДРЕЈ, А ШТО ЗНАЧИ ЕУ?

Околу „државничките политики на СДСМ“, само за потсетување, поранешниот грчки премиер Ципрас јавно призна дека тогашната влада на Заев за Грција била вистински „подарок“ за Атина, затоа што тогаш – Македонија, доколку издржела во својот став за непромена на името, во НАТО ќе влегла и со уставното име Република Македонија, не со срамната придавка која Заевци со две раце ја прифатија, притоа не почитувајќи ја референдумската волја на македонскиот народ, а потоа и со уцени и затворски закани по нив и семејството криминално натераа неколку пратеници да гласаат за промена на светата книга, македонскиот Устав и Прембулата.

А СДСМ, 6 години потоа се“ уште, со сиот ум, се гордее со тоа злодело?

Народот вели, она од што умиот се срами,  со истото будалата се гордее….

 

Најнови вести од Македонија

To top