Македонија Низа инвестиции

Мицкоски: Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него

Во периодот во којшто оваа Влада го направи, во нецели две години, нешто што не беше ни 10%, во периодот од 7 години од претходната Влада. Така што ние продолжуваме. Јас сум од образованието, моја цел е да вложуваме што повеќе во образованието, бидејќи ценам дека образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, рече Мицкоски.

Мицкоски: Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос тоа дека опозицијата и Филипче обвинија дека не се инвестира во образованието.

-Па видете, недалеку од овдека се инвестира, да речеме во еден модерен нов студентски дом. Којшто во времето на претходната Влада, беше целосно сопрен, застанат и буквално шајка не беше ставена. Сега сме при крај, не само на тој, туку и на уште еден во Скопје. А уште неколку такви ширум државата, и студентски и ученички домови наскоро ќе бидат реконструирани.  Ќе ве потсетам дека пред неколку дена ставивме камен темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во тек е анализа на двете незавршени згради на факултетите „ФИНКИ“ и „ФФК“ коишто се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. И можам уште да ви набројам многу такви проекти коишто се мерат со повеќе од стотина милиони евра. Во периодот во којшто оваа Влада го направи, во нецели две години, нешто што не беше ни 10%, во периодот од 7 години од претходната Влада. Така што ние продолжуваме. Јас сум од образованието, моја цел е да вложуваме што повеќе во образованието, бидејќи ценам дека образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, рече Мицкоски.

Премиерот порача дека тука нема компромис, односно дека Владата ќе продолжи таму да инвестира.

Најнови вести од Македонија

To top