Македонија фер цени

Мицкоски на средба со претставниците од големите маркети, ова се заклучоците

Мицкоски додава дека продолжуваат да ја следат состојбата и да интервенираат доколку има потреба за тоа.

Мицкоски на средба со претставниците од големите маркети, ова се заклучоците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници од големите маркети во земјава, на која истакнал дека Владата активно ја следи состојбата и нема да дозволи отстапувања и профитерство.

-Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување, објави премиерот на својата Фејсбук страна.

Влада

Мицкоски додава дека продолжуваат да ја следат состојбата и да интервенираат доколку има потреба за тоа.

Како што нагласи, најважен е интересот на граѓаните.

Најнови вести од Македонија

To top