Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по вонредната седница на Владина каде се донесоа неколку мерки за да се спречи енормен скок на горивата.
Имено премиерот Мицкоски истакна дека електро енергетскиот сектор е стабилен.
„Дозволете ми исто така да ве информирам дека електро енергетскиот сектор е стабилен. Во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40% или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е апсолутно стабилен“, изјави Мицкоски.
Премиерот потенцира дека единствен предизвик претставува цената на мазутот.
„Единствен предизвик претставува цената на мазутот, бидејќи таа е поврзана со онаа цена којашто ја определува РКЕ па оттука на следната редовна седница во вторник размислуваме да донесеме одлука со којашто државата ќе интервенира кон ЕСМ со одредена количина на мазут отприлика 2.000 тони со што нема да дозволиме да се зголемат трошоците на компанијата имајќи предвид поволната хидролошка состојба и консолидирањето на рудниците конечно можеме да кажеме дека во А.Д. ЕСМ состојбата е нормализирана и е стабилна, и не сакаме да дозволиме со овие повисоки цени на мазутот да дојде до дизбаланс на финансиското портфолио на компанијата. Тие знаете дека вршат регулирана дејност, потоа тоа го пријавуваат во РКЕ и врз основа на тоа и врз основа на трошоците се зголемува цената на домаќинствата електричната енергија, со оваа интервенција ние очекуваме таа цена да не биде зголемена, односно да влијаеме повторно позитивно и да го одржиме стандардот на граѓаните, а со тоа да овозможиме рекордно ниско ниво споредено со другите држави во Европа на инфлација, односно на зголемување на трошоците за живот.
Во услови на глобална криза, државата не смее да биде дополнителен товар. Со овие мерки, Владата директно им излегува во пресрет на граѓаните и бизнисите кои веќе го чувствуваат притисокот.
Овие одлуки се директен одговор на барањата и реалните потреби на граѓаните и компаниите.
Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.
Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите.
Воедно, сакам да потенцирам дека Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите. Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните.
Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран.
Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата“, наведе на денешната прес конференција Мицкоски.
Posted by Kurir on Sunday, March 22, 2026