Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање.
-63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање, напиша премиерот.
Во Фејсбук објавата, Мицкоски сподели и видео од поменот – една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.