Денес градоначалникот Митко Јанчев имаше кафе средба со Весна Ѓоргиева и Зоран Јованчев, кандидати за пратеници кои ја добија довербата да се најдат на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за изборна единица 4, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Чесни и посветени во секојдневниот живот, ја имаат максималната поддршка од градоначалникот за да продолжат и во иднина да ги бранат интересите на општина Кавадарци и Република Македонија, истакна Јанчев.