Македонија донација

Митко Јанчев донира 10.000 евра за лекување на младиот Бошко

„Никола Јанчев“- семејната фондација на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, донира 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, кому му е дијагностициран канцер.

Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, Јанчев стапил во контакт со неговото семејството.

„Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро“, вели Јанчев за донацијата.

Градоначалникот најави и дека преку Општина Кавадарци ќе се организираат за да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.

„Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму“, порача Јанчев.

To top