Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Скандалозен оглас на ФИТР – подобни се кандидатите кои се во добра состојба со властите

Ковачевски да одговори дали ваква насока е дадена и до сите други директори кои имаат огласи за објавување ова да биде услов или критериум за аплицирање, порача Митева.

Митева: Скандалозен оглас на ФИТР – подобни се кандидатите кои се во добра состојба со властите

Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант од јавна тајна станаа и офијален критерум во условите за аплицирање на ФИТР,  обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани, ова е повик за доделување на грант од страна на ФИТР, објавен на 20.12.2023 година за Обука за зелени работни места чиј буџет на проектот е 60.000 долари. Фрапантно е што како критериум за тоа кој може да аплицира јасно и недвосмислено е надеведно, цитирам: Сите апликанти мора да бидат формално конституирани, (внимавајте) ПРИЗНАТИ И ВО ДОБРА СОСТОЈБА СО СООДВЕТНИТЕ ВЛАСТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и да бидат усогласени со сите важечки регулативи и прописи. Замислете,ова значи дека само подобни се нивните и оние кои се блиски до нив, а секој друг е индивидуа или правно лице кое не исполнува критеруми. Од кога во Македонија критерум за грант или тендер е близината со власта? Ова ли е таа нивна европска агенда или пак можеби оваа е таа нивна зелена агенда? ФИТР треба да одговори кои се критериумите по кои ќе утврдат кој е во добра состојба, а кој не со властите, која е комисијата за евалуација која тоа ќе го цени? Или можеби кој е тој документ со кој ќе ја докажат близината или добрата состојба, дали можеби станува збор за препорака добиена од општинска организација или пак потврда за партиска донација? Секој граѓанин во едно демократско општество кога го чита овој оглас се прашува кое е дното кое власта нема да го пробие, до каде ќе оди нивната желба за профит штом јавно и директно посочуваат дека нема место за никој друг освен за блиските и оние кое се во добра состојба со нив како власт, истакна таа.

„Ова се 60.000 американски долари кои од буџетот на граѓаните ќе завршат во нечиј приватни сметки на фирми или лица блиски до власта. Ова не смее да биде уште еден случај во низата кој ќе се вброи во скандалите на власта, за ова мора институциите веднаш да реагираат. Бараме од ФИТР да го повлече јавниот повик и директорот да си поднесе оставка за ваквите чекори. Воедно, Ковачевски да одговори дали ваква насока е дадена и до сите други директори кои имаат огласи за објавување ова да биде услов или критериум за аплицирање“ – порача Митева.

Најнови вести од Македонија

To top