Македонија

Митева: Мерки за изборен поткуп и потценување на народ, 1200 евра повисоки плати за премиерот и претседателот, а 1000 денари за народот

Таа посочи дека тоа се трошки за народот, а за функционерите од владата има зголемени плати.

Митева: Мерки за изборен поткуп и потценување на народ, 1200 евра повисоки плати за премиерот и претседателот, а 1000 денари за народот

78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 100 денари кои владата на СДС и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите само неколку месеци. Станува збор за реален изборен поткуп со кој се потценуваат нашите сограѓани, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа посочи дека тоа се трошки за народот, а за функционерите од владата има зголемени плати.

-И додека владата на СДС и премиерот Ковачевски го користи државниот буџет за поткуп, според податоците на официјалните институции и одлуката на Уставен суд со коефициент 4,5 помножен со минатогодишната бруто-плата која изнесуваше 47.000 денари, премиерот Ковачевски кој до март месец земал плата од 88.260 денари, изминатите 9 месеци зема плата од 156.000 денари, или за цели 67.740 денари покачување. 67 илјади денари повисока плата за Ковачевски, а 1000 за народот изборен поткуп.

Шефот на државата Стево Пендаровски кој земал 92.000 денари се до одлуката за зголемени плати со 78 процентното покачувањето на сметката месечно му легнуваат 165.000 денари, односно со покачувањето од над 1.200 евра, сега платата на Стево му се пресметува на над 2.600 евра месечно. Значи покачување од на 1.200 евра за Пендаровски, а за народот трошки од 1000 денари изборен поткуп.

Највисока плата со покачувањето од 78 проценти зема и спикерот на Собранието, Талат Џафери со 166.000 денари месечно. Ова значи дека со покачувањето од над 1.000 евра, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Ковачевски и шефот на државата Пендаровски ќе добијат зголемување на платата од над 50 евра повеќе за секој работен ден., посочи Митева.

Додаде дека функционерските плати ќе продолжат да растат и следната година, односно ќе бидат поголеми и до 400 евра бидејќи според законот тие растат согласно растот на просечната плата во државата.

-Револт има и кај студентите кои сметаат дека таканаречената помош од 1.500 денари не значи помош, туку нивно потценување, бидејќи цела година протестираа и ја молеа владата на СДС и премиерот Ковачевски, да ги исполни нивните барања односно наместо 120 денари да изнесува 140 денари, бидејќи во услови на двоцифрена инфлација не им се доволни за бурек и јогурт, а не пак за здрав оброк. Па така ова краткорочната помош на владата на СДС за пензионерите, студентите и средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1.500 денари кои владата и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите, е само уште еден неуспешен обид за масовен изборен поткуп преку користење на државните ресурси, нагласи Митева.

To top